Пратениците од опозицијата кои гласаа ЗА

По електронското гласање кое помина со двотретинско мнозинство, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара поединечно гласање. Со поединечното гласање, со 80 гласа „За“ и 39 гласови „Против“,

Собранието го потврди претходното електронско гласање, за отварање на уставните измени. Гласаа сите пратеници од парламентарното мнозинство, како и пратениците од опозицијата Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Кристо Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ.

- Реклама -