Пратениците на Беса ја напуштија пратеничката група на СДСМ

На 14-ти месецов, од Беса испратиле документ до Претседателот на Собранието – Талат Џафери, во кое го известуваат дека нивните пратеници ја напуштаат пратеничката група на СДСМ, објави порталот „Лидер“.

„Ве информираме дека долунаведените пратеници кои досега настапувале во парламентарната група ‘Можеме’ , сега ќе настапуваат како група на пратеници на Партијата движењето Беса“, стои во дописот.

Информацијата за „Лидер“ ја потврдил и пратеникот од Беса – Кастриот Реџепи.

„Ние сме дел од владејачкото мнозинсто, но како најголем партнер после СДСМ во коалицијата ‘Можеме’ ние ќе делуваме како група на пратеници на движење Беса. Ова не подразбира никакво напуштање, туку поефективно делување во Собранието“, објаснува Реџепи, кој е еден од четворицата пратеници на Беса.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

 

- Реклама -