Пратеникот Петар Атанасов ќе биде заменик-министер за образование

Денеска во Собранието беше констатирана оставката на пратеникот од редовите на СДСМ, Петар Атанасов.

Тој оставка поднесе на 23 август, а на негово место доаѓа Снежана Калеска Ванчева од СДСМ, од Изборна единица 1.

Атанасов ќе биде назначен за заменик-министер за образование и наука.

- Реклама -