Прашај го Google: Колку сонце добива твојот кров?

Најголемиот пребарувач започна проект на мапирање на количината сончева светлина што ја прима секој покрив на планетава. Целта е да им се помогне на луѓето да се информираат и да одлучат дали им се исплати да вложат во изградба на соларни панели и да прејдат на користење на обновлива енергија.

Проектот Sunroof (во превод: „сончев кров“) неодамна стана достапен во форма на онлајн алатка преку која можете да ја внесете својата адреса и да дознаете колку простор за соларни панели имате на својот кров, како и колку всушност сончеви часа трпи вашиот корв годишно. Со внесување на потребните параметри (како на пример просечниот износ на вашата сметка за струја), Sunroof ќе ви пресмета и колку всушност ќе заштедите ако прејдете на ваков извор на енергија, а патем ќе ви препорача и каков тип соларни панели да ставите.

project-sunroof@2x[1]

Се разбира, Google нема да пропушти да профитира од ваквата услуга, а тоа ќе го прави така што ќе им го наплаќа посредството на сите големи компании кои продаваат соларни панели, за секој купец што ќе ги контактира преку проектот.

Моментално, апликацијата е достапна само во САД, но Google веќе најави дека ќе ја прошири услугата ширум светот.

- Реклама -