Практични совети за превенција од болести

БолестЗа да престанете често да се разболувате треба да ги примените овие неколку едноставни совети кои ќе го подобрат вашиот имунитет и ќе ве направат поотпорни на болестите…

За да престанете често да се разболувате треба да ги примените овие неколку едноставни совети кои ќе го подобрат вашиот имунитет и ќе ве направат поотпорни на болестите…

БолестЧесто мијте ги рацете!

Мијте ги рацете секогаш кога ќе излезете од домот, макар било тоа и само на неколку минути. Никогаш не можете да бидете сигурно дали сте допреле нешто што не требало.

Не излегувајте без капа!

Иако студот не влијае директно врз разболувањето, снижената температура ве прави поосетливи на нападите од бактериите и вирусите. Секогаш облекувајте се топло, носете капа и ракавици.

Секогаш носете си свое пенкало!

Колку помалку предмети делите со други луѓе, толку помали шанси да ви биде пренесен вирус или пак некоја бактерија. Кога одите во банка или на некое друго место каде што треба нешто да потпишете, секогаш имајте си свое пенкало, наместо да го користите тоа што таму ќе ви го понудат.

Движете се!

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Дури и ако немате време за вежбање, обидете се да се движите што е можно повеќе. Физичката активност го забрзува метаболизмот и го зајакнува имунитетот. Дури и ако во себе веќе имате вирус или бактерија, вежбајќи побрзо ќе ја исфрлите од организмот.

Планирајте ја забавата!

Кога работите, секогаш на ум имајте ја забавата што следи потоа, без разлика дали се работи за излегување, мирна вечер со партнерот или пак гледање на некој добар филм. Мислењето на убави нешта го снижува нивото на хормоните што предизвикуваат стрес. Помалку стрес – помалку болести!

Внимателно одбирајте ја храната!

Храната е половина здравје. Можеби и цело. Многу овошје и зеленчук ќе ви помогнат значително да го зајакнете имунитетот. Затоа, внимателно одбирајте што ќе јадете во сезоната на заразни болести.

- Реклама -