Практични совети како да се преживее во дивината

Опстанокот во дивината не значи само пиење на сопствената урина. Не му посакуваме на никого да западне во слична ситуација и  да мора да се преживува, но ајде да речеме дека ако навистина се изгубите во дивината и не доаѓа помош, тогаш се разликуваат мажите од момчињата.

Во денешно време се продаваат доволно ранци, колекции за опстанок и се што човек може да купи со пари. Единствениот проблем на овие производи е што никогаш нема да ги земете со себе, кога  навистина ќе заминете некаде, бидејќи верувате дека никогаш не можете да се изгубите . Тоа е оној популарен разговор „ Баш мене ли ќе ми се случи?”. Никој не очекува од вас  да бидете Рамбо кога ќе се загубите, но постојат начини да се изборите со природата, па и да се спријателите во ваша полза. Еден од нив е вашиот мобилен телефон.

 1. Збогувај се со него

За жал ќе треба да го скршите, за да можете да ги искористите неговите делови. Замислете си дека немате никаква друга опција. Малиот модерен телефон е опремен со сето она што е потребно за основниот опстанок. Прифатете го  фактот дека ќе треба да го прежалите и започнете да  го расклопувате. Се сеќавате ли на  моментите во кои сакавте да го скршите во ѕидот? Сега веќе можете да го направите тоа  со чиста совест, а сепак не треба да заборавите дека токму оваа машина може да донесе повеќе нервоза отколку позитивни емоции.

 Огледалото од телефонот

Зад секој дисплеј има нешто што многу личи на огледало. Да,  многу е интересно, но тоа не е главната идеја. Одбивањето на  светлина  се користи за локациите. Ако сакате да му најавите на  спасувачкиот одред дека сте блиску до нив, користете огледало. Одразот на светлина со огледало, беше доста забавна  детска игра, но во вакви ситуации е убаво на тој начин да побарате помош.

3. Компас

Секој телефон има мал звучник, а таму е позициониран и магнет. Компасот не е толку тежок за изработка, откако во телефонот имате  доволно жици, кои лесно би се намагнитизирале. Поминете со едниот крај на жицата околу 10 пати во  на магнетот со едно и исто движење.

По завршувањето на оваа операција, ставете го врз лист или нешто друго што може да плови. Треба да ја оставите намагнетизираната жичка, така што ќе биде во тотална смиреност. Тогаш ќе видите како намагнетизираниот дел ќе покажува север. Десно од север е исток, а на лево од север ќе е позициониран запад.

4. Копје

Секој телефон има малку цврсти делови. Најголем во овој случај е дното, што спокојно може да се употребува. Неговите рабови  можат да го претворат во завидно добро сечило.

5. Да запалиш оган

Највредните дел од скршениот телефон останува батеријата. Речиси секоја батерија може да се врзе на кратко и да генерира искра или да се загрее доволно, за да запали лесно запаливи материјали.

Со некористените жиците од телефонот, сврзете “+” и “-“. Најдобрите телефони имаат и камери со лупа, која исто така може да влезе во употреба, додека е сончево – сепак се очекува да ја зачувате енергијата од батеријата.

6. Рибарска додатоци

Конците се набавуваат многу лесно, Размотувате  некоја  облека од вас и почнувате да избирате нешто од остатоците што ќе се претвори во куки.

Барајте по здравите и остри метални делови кои не се искривуваат толку лесно. Ќе ви треба и доста трпение.

Прочитај повеќе: Совети за преживување на отворено море

- Реклама -