Развојот на компјутерската технологија е територија која од почетокот им припаѓа на мажите… така барем е познато, но дали сте знаеле дека основите на програмирањето ги поставила жена?
Имено, таа ја напишала првата компјутерска програма пред речиси 170 години – околу 100 години пред првите мажи.
Август Ада Бајрон, грофицата на Лавлејс, или едноставно Ада е една од најсветлите личности во историјата на компјутерите. Таа е родена на 10 декември 1815 година во Пикадили, денес дел од Лондон и е единственото легално дете на познатиот поет и романтичар, лорд Џорџ Бајрон. Сепак, бракот меѓу него и нејзината мајка Ана Изабел траел само една година, бидејќи пет недели по раѓањето на Ада нејзината мајка посакува да се раздели со Бајрон зашто не сака нејзината ќерка да ја потопи штетното влијание на злогласниот татко и да стане (не дај боже) поетеса. Судот доделува целосно старателство на мајката, а Лорд Бајрон ја напушта Англија во 1816 година и никогаш повеќе не се враќа во својата татковина. Умира во Грција во 1824 година, на само 36 години, за време на ослободителната војна против Турција.
Ада уште како мала го манифестира својот талент кон машините и математиката, а во нејзините записи од 13-годишна возраст постојат шеми на летала. Во писмо до мајка си како зрела жена сепак таа пишува: “Ако не можеш да ми дадеш поезија, може ли да ми дадеш поетска наука?”
На 17 години се запознава со лејди Мери Самервијл – преведувач на делата на небесна механика на францускиот математичар, астроном и филозоф Пјер Лаплас. За време на ручекот кај нив во ноември 1834 година, уште на возраст под 19, Ада се среќава со Чарлс Бебиџ – професор по математика во Кембриџ, кој ќе стане нејзин интелектуален партнер до крајот на нејзиниот краток живот. Двајцата разменуваат стотици писма. Тој и раскажува за неговите идеи да се создаде нова компјутерска машина која не само што ќе пресметува и ќе дава резултати – како што правеле механичките калкулатори дотогаш, но и ќе може сама да ги користи резултатите за нови пресметки. Ада била силно импресионирана и воодушевена од оваа мисла, но била една од ретките кои ја разбираат нејзината важност. Чарлс измислува и со времето постојано ги надградува проектите за две машини, за кои на почетокот добива некое финансирање и поддршка од парламентот и аристократијата, вклучувајќи и од Ада. Но со текот на времето се покажало дека изработката излегува далеку поскапа и покомплексна отколку што изгледала на почетокот и постепено финансирањето се отежнувало. Првата машина била специјализиран калкулатор за пресметување на астрономски и навигациони табели, додека аналитичката била универзален компјутер со снимена програма како денешните. Во првите проекти таа била управувана рачно, а потоа станала парна и требало да обработува на почетокот 40-, а потоа 50- броеви, да ги собира за 3 секунди и да множи за 2-3 минути. Меморијата требала да биде од 1000 броеви. На семинарот во Торино, Италија, во есента на 1841 година Бабиџ зборувал за аналитичката машина која ги поседува основните модули на секој компјутер и денес – влезен уред, тогаш со перфокарти (се користи од почетокот на 19); “мелница” (процесор), која ги врши пресметките; владејачки уред – ги декодира инструкциите и управува со останатите модули; “магацин” – RAM меморија, и излезен (печатени) уред. Италијанскиот научник Менабреа издава на француски резиме на раскажаното на Бабиџ.
Во 1843 година, веќе како сопруга на Ерл од Левлејс и мајка на три деца, Ада преведува статијата на Менабреа на англиски. На Бабиџ му се допаѓа преводот, па притоа и нуди да додаде свои забелешки. Тие се толку детални што се неколку пати подолги од самата статија. Овие забелешки и писма содржат зачудувачки увид: Ада предвидува дека машината ќе може да се користи за да создава музика и да слика, и дека би можела да е корисна како во секојдневието, така и за научни цели. Таа го опишува начинот на кој машината би можела да ги пресмета броевите на Бернули, а описот се смета за првата програма за компјутерска машина. Во него се воведуваат основните концепти во алгоритми и програмирање како циклус, работна ќелија (од меморијата) и транзиција, поради што Ада често е нарекувана првиот програмер во светот. Таа не верува сепак во вештачката интелигенција. Ада пишува дека машината нема претензии да создава што и да било, туку ќе го прави само она што е подредено. Поминува цел век пред да се појави човекот кој ќе ја реализира – друг Англичанец, Алан Тјуринг, клучна фигура во создавањето на теоријата на современите компјутери и пионер во вештачката интелигенција.
Ада е позната не само како математичар и програмер кој ја предвидел иднината на машините. Таа е и талентиран музичар – свири на пијано, виолина и харфа. Сака гимнастиката, танцување, возење. Дрска е и самоуверена, не е во согласност со сите норми, поради што е целиот свој живот на мета во општеството. Се познава со голем дел од најистакнатите научници и интелектуалци од своето време како Мајкл Фарадеј, Чарлс Витстон, Чарлс Дикенс. За жал нејзиниот живот се разболува смртно и умира на 27 ноември 1852 година, на 36 години – како татко и, на кого мајка и толку силно се надевала дека таа нема да личи. Чарлс Бабаџ прави се што е можно за да се изгради аналитичката машина до својата смрт во 1871 година, но не успева. Неговиот син Хенри се обидува да продолжи со постапката и во 80-тите години на 19. век составува поедноставен модел на мелницата (процесорот) и печатениот уред. Работата им е забележана дури во 30-тите години на 20. век од креаторот на еден од првите електромеханички компјутери – Хауард Ајкен, кој признава дека видел детали од аналитичката машина во музеј во Харвард и го прочитал записите на Бабиџ, од кои земал инспирација. Во 1991 година, следејќи ги стотиците зачувани цртежи и описи, научници во Кембриџ ја составуваат машината на Чарлс направена до детали од 19. век. Машината проработва.
Во 70-тите и 80-тите години на минатиот век во САД се развива авангарден јазик за програмирање, именуван “Ада” во чест на Ада Лавлејс. Бети Тол – истражувач на нејзиниот живот, пишува биографски роман за неа, во кој ја нарекува “Волшебничката на броеви”.
Поради нејзината харизма и генијалност во 2009 година 24 март е прогласен за Меѓународен ден на Ада – ден, во кој илјадници блогери од целиот свет ги одбележуваат заслугите и постигнувањата на сите жени во науката и технологијата.