Параолимпискиот пинг-понг е спорт кој мора да се гледа баш поради ваквите удари. Ова видео било поставено на YouTube во саботата.
И не е чудно зошто видеото е изгледано половина милион пати во само четири дена: решеноста, желбата и трудот кој Британецот Дејвид Ветерил го покажа со овој удар против Томас Кусиак од Германија покажува зошто за повеќето луѓе спортовите не се само игра.
{youtube}riR_SyhvB6s{/youtube}
И покрај овој одличен потег Ветерил го загубил натпреварот. Во понеделникот на Twitter тој го признал виралниот успех на видеото и кажал дека се подготвува за следните Игри во Рио во 2016 година.