Сите со душата и телото во Рио!
По месец дена натпревари, фудбалерските навивачи низ целиот свет се собраа во Рио де Жанеиро за да присуствуваат на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Германија.
Фудбалското лудило ги зафати многу познати ѕвезди па на трибините навиваа и бројни познати ѕвезди.
Дејвид Бекам дојде со децата во Бразил, а Бруклин, Круз и Ромео навиваат во аргентински дресови.
Ерос Рамазоти натпреварот го следел во друштов на својата сопруга, а го искористиле времето за разменување на повремени бакнежи. Актерот Ештон Качер со мобилниот го снимал секој дел од натпреварот, а навивачите на двете репрезентации не ги штедеа своите гласни жици.
Моделот Жизел Бундхен и шпанскиот фудбалер Карлс Пујол го презентираа трофејот на СП, а пред почетокот атмосферата ја загреа настапот на Шакира со своите огнени колкови, која веднаш по изведбата го зема својот син Милан во рацете. Погледнете дел од најголемите фанови на фудбал меѓу познатите ѕвезди.