Познатите се збогуваат со Робин Вилијамс – прочитајте дел од нивните пораки

Светот е во жалост, после експресното одекнување на веста за смртта на легендарниот актер и комичар Робин Вилијамс.

После долгите години борба со алкохолот и цигарите, последно што излезе е дека тој страдал и од депресија, а во полициското соопштение е запишано дека може да станува и збор за самоубиство, иако официјално истрагата е се уште во тек.

Во продолжение неколку коментари од колегите и пријателите на Робин.

“Моето срце е скршено. Робин Вилијамс беше светлината на моето детство. Почивај во мир”, Еми Росум.

“Робин Вилијамс почивај во мир… ќе те паметат многумина”, Ева Лонгорија.

“Не можам да им поверувам на вестите за Робин Вилијамс. Им даде толку многу на толку многу луѓе. Моето срце е скршено”, Елен ДеЏенерис.

jack-francis-ford-coppola

“Без Робин Вилијамс не би имало комичарска сцена во Сан Франциско. Тој го отвори патот. Беше најдобар од сите нас”, Роб Шнајдер.

“Не можам да бидам во поголем шок од загубата на Робин Вилијамс, човек, огромен талент, партнер во глума, искрена душа”, Стив Мартин.

“Скршен сум од смртта на овој неверојатен човек… почивај во мир, Робин… Ми недостигаш брату”, Луиз Гузман.

“Не можам да ги поднесам вестите за смртта на Робин Вилијамс. Никогаш не сум плачела толку поради некој кој не го ни познавам во живо, но едноставно не можам да престанам”, Мајли Сајрус.

“О Капетане! Мој Капетане! Стани! Слушни: ѕвончиња ѕвонат! Стани! За тебе свират труби и се веат знамиња”, Ана Кендрик.

robin

“Робин беше мил колку што беше и смешен. Доколку сте тажни, ве молам, кажете му го тоа на некој”, Џими Кимел.

“Ми беше чест што те познавав. Почивај во мир”, Лени Кравиц.

“Толку ми е жал за Робин. Беше мил и великодушен и полн со љубов, но и гениј од комедичар. Ова е ужасна вест”, Крег Фергусон.

“Ох Робин. Нашите срца се скршени. почивај во мир, душо. Те сакаме”, Голди Хоун.

“Не може да се опише големината на Робин Вилијамс, неговото срце, душа и талент. Ова е многу тажно”, Бен Стилер.

“Робин Вилијамс го тераше светот на размислување и на смеа. На тоа ќе се сеќавам. Голем човек, уметник и пријател. Ќе ми недостига неописливо”, Kевин Спејси.

robin-williams-weapons-of-self-destruction-1024

“Никогаш не сум запознал помил, попаметен и попочитуван човек од Робин. Неговата посветеност на уметноста и подигнувањето на расположението и среќата кај луѓето не може да се спореди со ништо. Тој не сакаше нас како и ние него”, Џон Траволта.

“Робин беше генијот на комедијата, на нашата смеа го мотивираше уште повеќе. Беше пријател и не можам да поверувам дека го нема”, Стивен Спилберг.

“Робин Вилијамс беше доктор, дух, дадилка, претседател, професор, Петар Пан и се она помеѓу. И беше единствен. Не смееше. Не расплакуваше. Им го даваше својот талент великодушно на оние на кои им беше најпотребен”, Барак Обама.

- Реклама -