Познатиот заводник Џорџ Клуни се чини дека ужива со новата девојка, а камерите во Њујорк го фатија него насмеан и расположен.
Познатиот актер и продуцент Џорџ Клуни за кратко време ја освои убавата британска 36-годишна адвокатка.
52-годишниот заводник интензивно се дружи со Амал Аламудин, а беа заедно на одмор во Танзанија и Сејшелите. Двојката уживала во сафарито, а видени се и како се држат за раце во еден ресторан во Њујорк.
„Сега е со жена која е многу успешен адвокат. Таа не е некоја во потрага по славна или кариера во шоубизнисот. Таа е на негово ниво“, рече изворот за People списанието.