Алекс Капранос, познатиот фронтмен на групата Franc Ferdinand, споделил со своите обожаватели selfie од болнички кревет, каде завршил поради алергиска реакција.
„Моментално сум во болница. Очите и грлото ми потекоа во неприроднии пропорции, но се друго е во ред“, напишал Алекс на својот Твитер профил. За каков вид на алергиска реакција станува збор, не можел да каже.
„Не знам за што станува збот“, одговорил на прашањата на загрижените фанови.
Алекс покрај фотографијата напишал дека големината на вратот се зголемила колку кошаркарска топка.