Познатиот пејач настапи во Белград: „Добро вечер, Загреб“

Популарниот пејач одржа двочасовен концерт во Белград.
Роби Вилијамс во средата навечер одржа концерт во Белград, а по 40 минути задоцнување излезе на сцената малку збунет, па публиката ја поздрави со зборовите „Добро вечер Загреб“, пренесува Blic.

Но, публиката неговиот пропуст не го примети и го поздравија со громогласен аплауз.

Роби Вилијамс пристигна во Белград во придружба на невидено обезбедување

Двочасовниот концерт, кој го започна со песната „Let me entertain you“, ја воодушеви насобраната толпа, а по завршувањето пејачот напиша на својот Твитер профил:

„Србијо, не знам што очекував, но ова сигурно не. Бевте неверојатни вечерва и едвај чекам да се вратам“, напишал тој.

 

- Реклама -