Џон Мајер и неговата девојка Кејти Пери позираа заедно за насловната на неговиот последен сингл ‘Who You Love’.
Згодниот пејач и неговата девојка направиле дует за неговиот последен албум ‘Paradise Valley’ и заедно го направиле професионалниот портрет.
„Возбуден сум што можете да ја погледнете илустрацијата на ‘Who You Love’, која ја снимаше одличниот Марио Соренти“, пишува Мајер во својата објава на Tumblru. „Превземете ја песната преку iTunes Store, а потоа можете да ги погледнете ексклузивните фотографии од снимањето на Vanity Fair“, предложил пејачот на своите фанови. „И да, вака изгледаме и дома поголемиот дел од времето“, додаде како шега.
„Горд сум на оваа песна, на ова уметничко дело, на оваа девојка“, напишал под заедничката фотографија на Инстаграм.
Парот својата врска ја започнале летото 2012 година. Мајер започнува со американската турнеја покасно овој месец пред да отпатува за Австралија во април, додека Кејти Пери ја започнува светската турнеја во 2014 година.