Верувале или не, меѓу ѕвездите има и такви кои не се срамат да останат доследни на традицијата.
Овие познати девојки и момци решиле да им ја подарат невиноста на нивните избраници. Еве ги искуствата на прочуените „девици“.
Џесика Симпсон
Џесика Симпсон почека со сексот до 22-та година кога за прв пат стапи во брак. Времето покажа дека првиот сопруг сепак не бил мажот на нејзиниот живот. Таа денес е среќно мажена по втор пат и има две деца.
Лиса Кудроу
Позната како Фиби од „Пријатели“, Лиса никогаш не криела дека планира да остане невина до бракот. Таа се реши на овој чекор, на својата 32 година од животот, што значи дека голем дел од својот живот го поминала како девица.
Адријана Лима
Поранешната српска снаа е една од најубавите жени на светот, па за многумина е тешко да поверуваат дека немала односи до бракот. Сепак, оваа бразилска манекенка го чекаше својот принц на бел коњ со кого се омажи кога имаше 27 години. Иако Лима и Марко Јариќ не се повеќе заедно, тие уживаат да го поминуваат времето во друштво на децата.
Селин Дион
Дион е помлада од нејзиниот сопруг Рене Ангели дури 26 години. Пејачката во една прилика изјави дека се заљубила во него кога имала само 12, а му признала на 17 годишна возраст. Рене и Селин стапија во брак кога таа имаше само 20 години. Дотогаш беше невина.
Крис Мартин
Сосема неочекувано, но вистинито. Фронтменот на групата „Coldplay“ призна дека никогаш не бил вешт со жените. Впрочем првата жена со која спиел е неговата сопруга Гвинет Палтроу со која стапи во брак кога имаше 22 години. Во последно време постојано е во друштво на згодни девојки, па можеби се труди да надокнади за пропуштеното?