Логото на компанија често е најкритичниот елемент од создавањето на бренд. Stocklogos.com заедница за дизајн на идентите која нуди високо-квалитетни логоа, составила список на познати логоа – некогаш и сега.
Nintendo
Во 1889 година, Јапонската компанија за карти за играње го користела ова лого со трите посебни зборови: нин, тен, до. Во 1967 година компанијата започнала да развива мали електронски играчки и го презеде идентитетот Nintendo. Најновото лого беше воведено во 2006 година.
Apple
Првото лого е дизајн на Роналд Вејн од 1976 година. Во границата околу сликата пишува: „Њутон… Ум кој вечно патува низ чудни мориња на мисла… Сам.“ Денес препознатливото лого беше претставено во 2003 година.
Shell
Првата школка била нацртана во 1900 година. Компанијата подоцна ја создаде шарената исправена школка за да создаде попрепознатлив бренд. Промената останала и, со неколку промени беше создадено денешното лого првпат претставено во 1999 година.
Microsoft
Неверојатно грдото прво лого на Microsoft беше претставено во 1975 година. Најновата верзија се користи од 2011 година.
McDonald’s
McDonald’s порано бил скара? Само од 1940 до 1948 година. Набрзо било откриено дека вистинската љубов им е кон хамбургери. По 1948 година компанијата се обидела со неколку верзии на карактеристичните лакови, создавајќи го денешното “I’m lovin’ it” лого во 2003 година.
Mozilla Firefox
Оригиналнот феникс лого било дизајнирано во 2002 година. Подоцна во 2004 година било заменето со огнената лисица. Зачувувајќи ги „огнените“ елементи, сегашното лого било создадено во 2009 година.