Супермоделот Криси Тејген која што има завидна манекенска кариера признава дека во моделингот е многу застапена елитната проституција. – Дали знаете дека во Кан постојат проститутки кои наплатуваат и до 30 илјади долари од вечер? – вели дваесет и седум годишната Криси за “Du Jour” магазинот.
– На многу модели тоа им е дополнителен извор за заработувачка. Јас дефинитивно не вредам 30 илјади, всушност и немам што да понудам, се шегува згодната манекенка.
Според нејзините зборови, актерките и мисиците сексуално ги задоволуваат богатите мажи во луксузни хотели во Кан, на јахти од милион долари и така заработуваат 1000 долари од вечер.
Нејзините тврдења не се далеку од вистинити. Имено, судејќи според либанскиот бизнисмен Елиј Нахас, кој поради водење на проституција беше уапсен во 2007. година, луѓето не можат ни да замислат колку се заработува од проституцијата.
Нахас организирал 50 девојки од различни националности, а главна клиентела му биле богатите Европјани во текот на Канскиот фестивал.
Четириесет и осум годишниот Нахас, кој служи осумгодишна казна затвор изјави дека девојките заработуваат и до 40 илјади долари од вечер.
– Арапите се највеликодушните мажи на светот. Акок им се допаднете тој ќе се прелее со пари. Тие имаат во џеб десетина илјади евра. За нив тоа е обична хартија, изјави тој во 2013 година.