Иднината e веќе тука, само што воглавно е во Дубаи. Неделава, градот потпиша договор за набавка на 20 „џетпек“-ови за своите пожарникари и остатокот од итните служби.
Зошто им требаат летечки пожарникари? Бидејќи луѓето можат да се најдат во ситуација да бидат заглавени на највисоката зграда во светот.
Летечките машини се дело на компанијата Martin Aircraft, а можат да достигнат висина и до 915 метри, што значи дека можат да стигнат до врвот на 830-метарската Бурџ Калифа. Летаат со топ брзина од 72 км/час, што значи дека до врвот би стигнале за околу минута. Со оглед на тоа што можат непрекинато да летаат околу 30 минути, тоа им дава можност и време на спасувачите прилично непосредно и детално да го испитаат проблемот, маневрирајќи наоколу. Дополнително, џетпек-овите можат да бидат пилотирани рачно или преку далечинско управување, па спасувачите ќе можат да пилотираат екстра летало за жртвите во опасност.
Цената на еден џет-пек се движи околу 150.000 долари и не е достапна за секого. Но, за град како Дубаи, каде веќе постојат спасувачки дронови, полициски Ламбурџини-ја и се пие златен чај, летечките пожарникари се сосема разумна инвестиција.