Волонтери во противпожарната бригада во Северна Рајна – Вестафлија, направиле противпожарно возило од 4.740 гајби пиво.
„Возилото“ е долго 15,5 метри, а како што пренесува германскиот весник „Dorstener Cajtung’“, креацијата на волонтерите би можела да биде запишана во Гинисовата книга на рекорди.
За да докажат дека проектот е подвижен и веродостоен, учесниците го снимале целиот процес од три агли.
Возилото би требало да биде претставено во јули, кога противпожарната единица одбележува 75 години од постоењето.