CNN објави снимка од спасувањето на едно семејство со три деца од една опожарена зграда во округот Декалб во сојузната држава Џорџија. Пожарот избил на 3 јануари (снимката е објавена пред пар дена), некаде околу 5.30 часот утрото, а повредени биле околу 12 лица. Сепак, благодарение на пожарникарите, ниту еден член од семејството чие спасување ќе го видиме на видеото.
А на видеото се гледа пожарникар како фаќа 5-годишно дете фрлено од татко му…
Во прилогов CNN малку ги измеша работите. Прави интервју со пожарникарката Џеки Пекрул – мајка на три деца, мислејќи дека таа е херојот на снимката. Сепак се работи за пожарникарот Скот Стру, како што објаснува капетанот на пожарникарската единица за CNN.
Сепак, рамо до рамо со Стру ќе ја видите и Џеки – таа е пожарникарката десно што ја држи скалата. Само неколку моменти пред таткото да го фрли своето петгодишно дете во рацете на пожарникарот, Џеки била качена на истата таа скала, и ѝ фрлиле ќебе. Во ќебето имало бебе. Го фатила, некако успеала да го задржи балансот, се симнала, го предала бебето во сигурни раце, се качила повторно на скалата, па ги спасила и мајката и третото дете.
Значи да, имало две фаќања. „Фаќавме деца како фудбалски топки, буквално“, вели еден од пожарникарите. Не за џабе капетанот ги пофали дека се најдобри.