Пожарникар бара да се престане со апели, а да се почне со патроли : Доста со тоа дека од стакленца се запалило, сите пожари се подметнати!

Да се престане со апелите за нефрлање догорчиња од цигари и со теориите дека пожарите може да се запалиле од стакло, бара пожарникар и командир на чета, во објава на Фејсбук.

Тој тврди дека 90% од пожарите се почнати на терен каде скоро воопшто не се движат луѓе, па дури и на непристапни терени, како и дека ретки се пожарите кои почнале од автопат (т.е. догорчиња).

„А за стакленцата… Пробајте тоа да го направите на сонце, па после ќе зборуваме за веројатноста тоа стакленце фрлено во густа шума, каде сончевите зраци не доаѓаат до тревата, тоа да се случи“, пишува овој пожарникар на Фејсбук, потврдувајќи ги своите ставови и за „Слободен печат“.

Наместо апели, тој бара полициски патроли.

„СИТЕ пожари се подметнати. Можеби само мал број се од небрижност (палење стрништа и сл., но тоа лесно се утврдува). Пробајте, наместо апели, да пуштите полициски патроли да шпартаат насекаде!“, пишува тој во својот Фејсбук статус.

- Реклама -