Најмалку 18 лица загинаа во пожарот кој избувна во кинескиот град Харбин, во туристички ресорт.
Причината за пожарот се уште се испитува.
Спасувачката акција е во тек. Уште нема официјални податоци колкава е материјалната штета, како ниту за бројот на потешко и полесно повредени туристи.
Пожарот веќе е исгаснат, а спасувачките екипи се на терен.