Противпожарните екипи моментално се борат со пожар што ја зафати шумата во близна на скопската населба Пинтија.
Инаку, вчера имало пожар кај скопско Нерези, кој бил навреме локализиран и не се проширил кон падините на парк шумата Водно.
Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.
Гори сува трева и нискостеблеста шума.
На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.