Пожар во авион на „Рајенер“ во Палма де Мајорка: Шест патници повредени

Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на итна евакуација на патнички авион од авиокомпанијата „Рајанер“, поради мал пожар, известува ДПА.

Според информациите од шпанските медиуми, авионот беше подготвен за полетување кон Манчестер кога избувна огнот, што предизвика паника меѓу патниците. Капетанот веднаш го извести екипажот за пожарот на моторот, а вратите за итни случаи беа отворени за брза евакуација на патниците. Во хаосот, некои од нив скокнаа од крилата на авионот, при што се повредија.

Вкупно 18 лица се згрижени од сервисите за итни случаи, а шест од нив се пренесени во болница. Сите имале полесни повреди.