Пожар на армискиот полигон Криволак

Пожар од поголем обем има на армискиот полигон Криволак. За пожарот биле известени надлежните во АРМ и било побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен, информираа попладнево од Центар за управување со кризи.

Од РЦУК – Велес ја информирале централата на ЦУК во Скопје дека според информацијата добиена од од дежурниот во ТППЕ Неготино, на подрачјето на општината Неготино бил појавен пожар на полигонот Криволак.

„Стапено е во контакт со воениот полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато е тоа во ноќните часови. Изутрината биле известени од дежурниот во полигонот“, појаснија од ЦУК.

Прочитајте и:  ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали

МИА

- Реклама -