Во последно време станаа хит проѕирните фустани во шоу бизнисот. Парис Хилтон не остана далеку од трендовите , појавувајќи се на забавата 4th Annual Red Carpet Pre-Grammy Celebration во црн, сјаен и смело откриен фустан.
32-годишната наследничка сигурно се чувствувала удобно во облеката, а тоа се гледа по задоволството, со кое што позира пред жедните фото објективи.
Сепак, Парис не се задоволи само со една визија, па малку подоцна се пресоблече во боди со долги ракави. Едно е повеќе од очигледно – во последно време Хилтон се потруди да се врати во топ форма и не би пропуштила можност да ја демонстрира. Иако изборот да облече боди, за ваков настан несомено предизвика моден УПС реакции.