Повреден командирот на штипската Територијална Противпожарна единица при гаснење на пожар

Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Првиот човек на штипските пожарникари во штипска Клиничка болница е хоспитализиран синоќа околу 20.30 часот и е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран.

Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации. 

- Реклама -