Обновата на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра

Повоената обнова на Украина ќе чини отприлика 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка – Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми.

„Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и владата на Украина, колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи до европските стандарди, на пример во енергатска ефикасост. Според состојбата заклучно почетокот на јуни, таа цифра беше 350 милијарди евра“, потсети Бјерде.

Според неа, оттогаш таа бројка значително пораснална, приближувајќи се до сегашната оценка.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
- Реклама -