Истражувањето спроведено на повеќе од 5600 сингл луѓе од сите возрасти, етнички припадности и стилови на живот, покажува дека оние што користат емотикони во смс пораките имаат секс најмалку еднаш месечно.
Во просек, смајлињата кои намигнуваат се користат најмногу. Од друга страна, најмногу мажите праќаат смајли со бакнеж или срца во очите, додека жените најмногу ги користат оние стандардните емотикони.
Според д-р. Хелен Фишер, емотиконите се популарни само затоа што ја подобруваат комуникацијата бидејќи ја нагласуваат емоцијата. „Технологијата ги менува начините на комуникација, а може да го промени и начинот на кој ја доживуваме романсата“, вели таа.
Околу 50% од мажите и жените се сложуваат дека смајлињата претставуваат одраз на нечија личност, додека 35% сметаат дека со нивна помош искажувањето на емоција е многу полесно. Фишер нагласува и дека жените што користат смајлиња поврзани со бакнежи, полесно доживуваат оргазам.
Постоњето на поврзаност меѓу емотиконите и сексот се покажува кај мажите и жените во дваесетите, триесетите и четириесетите години. Чудно, но што повеќе емотикони користат, сексуалниот живот им е побогат.