Руки е скопски лик, кој има оставено многу приказни низ ѕидовите на градов.
Кој не ја знае лично, сигурно ги препознава нејзините пораки исцртани на различни локации низ Скопје. Руки e една од најпрепознатливите графитџии во градов, најмногу поради нејзиниот уникатен стил.
Среќни сме што постојат луѓе кои знаат како да му дадат шмек на главниот град и да ја негуваат урбаната улична уметност која е одраз и глас на општеството и градската култура.
Повеќе Руки, помалку кич – му должиме на Скопје.