Повеќе гушкање, понизок притисок

Гушкањето на блиските лица може да го намали крвниот притисок и стресот, па дури и да го подобри помнењето.

hugging-main

Гушкањето на саканите лица ја поттикнува хипофизата на лачење на хормонот окситоцин, поврзан со социјалното однесување и блискоста на родителите и децата или брачните партнери.

Неговиот ефект е намалување на крвниот притисок, намалување на стресот и тегобите, а може дури и да го подобри помнењето, наведуваат научниците.

Но, австриските научници предупредуваат дека гушкањето на лица кои не ги познавате добро може да има спротивен ефект бидејќи го зголемува нивото на стрес и поттикнува лачење на хормонот на стрес кортизол.

Неврофизиологот Јурген Сандкулер вели дека „позитивни ефекти има само ако луѓето си веруваат едни на други, ако чувствата постојат обострано и ако исти сигнали меѓусебно се испраќаат“.

- Реклама -