Повеќе селфи – повеќе вошки?

Последнава година, вошките се во постојан подем кај младите (децата, но и тинејџерите), а за тоа се виновни, се чини, селфи фотографиите. Заедничкото самофотографирање е меѓу омилените активности на денешницата, а секојдневно во контакт доаѓаат многу глави, што придонесува за одлични шанси за ширење на малите напастници.

lice1

Марси МекКвилан – калифорниски експерт (за вошки), има теорија дека токму на ова се должи зголемувањето: „Сведок сум на зголемено ширење на вошките годинава. Обично, лекувам помлади деца, бидејќи се со поголем ризик од контакт на глава-со-глава. Но сега, тинејџерите ги доближуваат главите секој ден за да се фотографираат со мобилните. Секој од нив што го лекувам, го прашувам за селфијата, и секој од нив признава дека се фотографира секој ден. Мислам дека и родителите и тинејџерите треба да се свесни за овој проблем“.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Со еден збор, се е тоа забавно, додека не бидете приморани да ја избричите главата.

- Реклама -