Samsung планираат специјален настан на 24 февруари, на кој по се изгледа дека ќе го видиме долгоочекуваниот паметен телефон Galaxy SV. Популарниот руски блогер Елдар Муртазин деновиве објави интересен твитови во својот профил, поврзан со карактеристиките на претстојниот модел на Samsung.
Информациите потврдуваат какви подобрувања можеме да очекуваме во новиот модел од висока класа, како и дека тој ќе има 5,2 – инчен дисплеј со резолуција од 2560х1440 пиксели. На овој начин Samsung ќе стане првата голема компанија која користи панел со толку висока резолуција во паметни телефони. Од друга стран пак густината на дисплејот на овој модел е зачудувачки 560ppi. Samsung Galaxy SV ќе биде придвижуван од quad-core Snapdragon процесор 805, а предвидена е и верзија со Exynos 6 чип, сепак и во двата случаи тие се дополнети од 3GB RAM.
Компанијата ќе го продава моделот во две конфигурации со 32GB и 64GB внатрешна меморија, додека пак во задниот дел ќе биде вметната 16 мегапикселна камера, а во предниот дел ќе има 3,2 мегапикселна камера за видео повици.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk