Гласините за Samsung Galaxy S4 Mini се појавија од самото претставување на еден од најдобрите телефони денес Samsung Galaxy S4.
Постоењето на мала верзија на ‘големиот’ смартфон е потврдено преку прикажување на телефонот на страната на Samsung Apps, како што може да се види и од сликата.
Се шпекулира дека Galaxy S4 Mini ќе има qHD Super AMOLED екран со 4.3 инчи во дијагонала, а ќе работи на последната верзија на Android 4.2.2 Jelly Bean. Исто така, телефонот доаѓа со главна камера од 8МР и ќе биде претставен во повеќе варијанти. Моделот кој има една СИМ картичка (GT-I9190) има 4-јадрен процесор, додека верзијата со две СИМ картички (GT-I9192) доаѓа со процесор со две јадра. Друга варијанта која доаѓа најверојатно ќе биде онаа со LTE мрежа, како и ексклузивна варијанта за Кина.
Наскоро се очекува да биде претставен и друга верзија на Galaxy S4, а тоа е водоотпорниот Samsung Galaxy S4 Active.
Samsung веќе закажа прес конефернција која ќе се одржи на 20 Јуни во Лондон на која очекуваме големо претставување на некои овие модели.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk