Потсетник пред 3. сезона: Кој е жив во „Game of Thrones“

Третата сезона на серијата „Game of Thrones“ ќе почне да се емитува за три дена, а паузата од претходната сезона беше долга. За оние кои заборавиле кој ја преживеа втората сезона, ќе ве потсетиме:

Денерис Таргериен

326825_daenerysandhandmaidens_ff

Принудена да избега од Вестерос, откако престолот на нејзиниот татко е узурпиран уште додека била бебе. Денерис планира да основа војска и да ја преземе власта над Седумте кралства. Таа има и три мали змејови кои има намера да ги искористи за да го преземе престолот.

Серсеи и Џејми Ланистер

326827_cerseiandjaimelannister_f
Кралицата Серсеи е мајка на Џофри кој во втората сезона се качи на престолот. Серсеи го мрази својот брат – џуџето Тирион, а од нејзината врска со братот близнак Џејми го родила Џофри.

Џејми Ланистер го уби таткото на Денерис Ерис Таргериан, познат ккао „Лудиот крал“. Во последната сезона е заробен во борба со Старк, а после ослободен.

Џофри Ланистер

326832_joffreybaratheon_ff
Суров, садист и убедливо најомразениот лик. Се качи на Железниот престол по смртта на неговиот татко Роберт Баратион. Но, ги слушна гласините дека неговиот вистински татко всушност е вујко му Џејми. Се сврши со Санса Старк, но на крајот на втората сезона веридбата беше раскината.

Тирион Ланистер

326833_tyrionbattleofthegreenforkhbo_f
Тирион е еден од омилените ликови во серијата. Многу сложен карактер и веројатно најдобриот член од лозата Ланистер. Освен тоа му удри шлаканица на Џофри и поради тоа ги освои симпатиите кај обожавателите на серијата.

Роб Старк

326834_robbstarkhbo_ff
Откако неговиот татко Нед Старк е убиен по наредба на Џофри, Роб во втората сезона се бори против семејството Ланистер. Го нарекуваат „Крал на северот“ и планира да се отцепи од остатокот од царството и да формира северно кралство.

Кетлин Старк

326835_catelynstarkgameofthrones1973798912807201595_f
Откако нејзиниот сопруг Нед Старк е убиен, мајката на пет деца му помага на синот на фронтот. Освен тоа нареди ослободување на Џејми Ланистер како замена за нејзините ќерки Санса и Арја. Додека беше на фронтот, Винтерфел е цел на напад и таа мисли дека преживеал само син и Роб.

Брен Старк

326836_bran-stark-06_f
Уште едно од петте деца на Старк. Остана неподвижен отако Џејми Ланистер го фрли од голема височина кога ги виде како се бакнуваат со Серсеи. На крајот на последната сезона Брен мораше да ја напушти куќата која е нападната и срушена до темел, Неговата мајка не знае дали е жив.

Арја Старк

326837_arya_f
Помалата ќерка на Кетлин и Нед Старк е машкоданка која повеќе го сака мечувањето од шиењето. Поради тоа често пати мислат дека е момче. Таа виде дека Џофри нареди убиство на нејзиниот татко. Во последната сезона тргнува дома по што со својата дружина е заробена. Арја и нејзините двајца пријатели успеваат да избегаат. Нејзината мајка не знае дека таа не е во заробеништво.

Санса Старк

326839_sansastarkandjoffreybaratheonhbo_ff
Постарата ќерка на Старк е спротивност на Арја. Таа е убава и наивна. Ланистер ја држат во заробеништво. На нејзино задоволство Џофри ја раскинува веридбата, но таа се уште не е безбедна и се надева дека ќе успее да избега.

Џон Сноу

326840_jonhbo_f
Вонбрачен син на Нед Старк.Кетлин го презира, затоа што го доживува како доказ за неверството на сопругот. Џон припаѓа на братството Ноќна стража кое го чува кралството од опасности од другата страна на Ѕидот. Во последната година Џон е заробен од Дивјаците.

- Реклама -