Пејачката Гога Секулиќ собра сила и гостуваше во емисијата „Добро вечер Србијо“, каде раскажа за последните моменти кои ги поминала со својот сопруг пред неговата смрт.
„Додека го држев на рацете, уште малку се помести, но докторите ми рекоа дека токму тогаш душата му го напуштила телото“, изјави Гога во емисијата.
Во интервјуто таа зборуваше и за проблемите со родителите на Игор после смртта, како и за расправиите кои ги водеше со неговата мајка.
Целото интервју е навистина потресно, а Гога не можеше да ги задржи солзите во текот на гостувањето.