Потписот го издава шефот

Шефовите кои сe потпишуваат со голем потпис, се себични и склони да ја поведат компанијата кон пропаст, покажуваат резултатите од новото американско истражување. Истражувањето било спроведено од Универзитетот во Северна Каролина врз основа на потписите на 605 управители на најголемите американски компании.

Резултатите покажуваат дека шефовите со големи потписи добиваат и поголема плата. Авторите на истражувањето го одредуваат нарцисоизмот како себичност, додадена со суета, бесчувствително однесување и омаловажување на другите. Некои од овие карактеристики имаат негативно влијание кога газдата треба да донесе важни одлуки.

Професор Шон Ванг, еден од авторите на студијата, вели дека се земени во предвид и стари истражувања.

Нарцисоидните  шефови инвестираат повеќе во капитални инвестиции и акции, а им плаќаат помалку на членовите и подредените. Овој тип раководители имаат поголемо влијание кога опкружувањето им е неизвесно.

Резултатите од ова истражување покажуваат и дека шефовите со големи потписи имаат највисоки приходи.

- Реклама -