Потпечени лепчиња со печурки

Денеска ви презентираме еден одличен рецепт, од кујната на Манастирот Св. Јован Богорски.
Потребни состојки:

O

• Печурки 500 гр.
• Кисела павлака 250 гр.
• Кромид 2 главици
• Лук 2 чешниња
• 1 Стар леб
• Кашкавал 100 гр.
• Брашно 2 лажици
• Зачин по вус: сол, бибер, вегета, црвен пипер
• Малку масло

Начин на подготовка:

O

Во длабок сад се пржи во малку масло ситно исецканиот кромид, му се додаваат печурките, лукот и зачините по вкус. Се трга од огнот и кога ќе се излади се додава киселата павлака, и брашното разматено во малку вода. Лебот се сече на кришки и се реди во подмачкан плех. Врз секое парче леб се става од подготвениот фил со печурки и најгоре се става тенко парче кашкавал. Лепчињата се запекуваат во релна околу 10 мин на температура од 180⁰С.
Се служат топли.

- Реклама -