Потонал со брод на дното на океан и преживеал дури 60 часа (видео)

На Youtube се појави неверојатно видео за сапасување на морепловец.

Мажот по потонување на брод, поминал 60 часа на дното на океанот и преживеал. Среќниот маж се спасил благодарение на воздушен џеп кој го создал во бродот за време на тонењето.

Харисон Окене живеел три дена во брод без храна, вода за пиење и во најголем мрак. Него го пронашле јужноафриканси спасувачи кои барале тела, откако потонал Нигерискиот брод.

Окене бил кувар на бродот. Останатите членови не успеале да го преживеат бродоломот. Видеото е направено пред неколку месеци, но неодамна е објавено.

- Реклама -