Ноќеска потона сплавот „Картел“ во близина на Белградскиот саем. Евакуирани се 30 лица, соопштија од Итната помош за агенцијата Бета.
„Нашите екипи се погрижија за околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, велат од белградската Итна помош.
Белградскиот сплав „Картел“ синоќа почнал да тоне, додека на него имало голем број луѓе. Гостите се обиделе да се спасат со пливање до брегот.
Како што пренесуваат српските медиуми, полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и со чамци ги евакуирала гостите на сплавот.
Засега не се знае дали има повредени, како и причината за потонувањето на овој ноќен клуб.