Како се познава дека лек против рак е поуспешен од предвидувањата? Кога се прекинуваат клиничките тестови за лекот да може да биде достапен за сите пациенти кои учествувале во нив.
Зитига на Johnson & Johnson е важен лек. Американската Администрација за Храна и Лекови го одобриле минатата година за користење кај пациенти со напредна форма на рак на простатата кои поминале низ хемотерапија но чиј рак сепак метастазирал. Ракот на простата типично се лекува кај 200.000 американци кои го добиваат секоја година, под услов да биде откриен пред да се прошири.
Штом ќе се прошири ракот најчесто оди во коските каде што станува отпорен на нормалната хормонална терапија која го блокира тестастеротонот. Зитига е уникатно соединение кое се бори против рак, продирајќи во канцерогените клетки и онеспособувајќи ја нивната способност за создавање на тестастерон – убивајќи ги оштетените клетки и спречување на нивно ширење.
Но Зитига останува ефективен дури и откако ракот метастазира и другите лекови ја губат својата ефективност. Нова студија покажува дека Зитига може да им биде дадена на пациентите многу порано во развојот на болеста, специфично пред метастазирање, со неверојатни резултати. 1088 пациенти во 12 земји учествувале во тестот. Секој учесник добил стандардна ниска доза на преднизон, половина од нив добиле и од новиот лек а другата половина добиле плацебо.
Истражувачите веднаш забележале дека кај групата која добила Зитига прогресот на ракот бил побавен од контролната група. Рзултатите биле толку неверојатни што тестирањето било прекинато за да се овозможи дистрибуција на лекот на сите учесници. „По првото шишенце мојата болка исчезна и почувствував дека мојот живот се промени“ изјавил Родолфо Чавез, 83 годишен пензионер од Сан Педро. [Science may have just beaten prostate cancer]