Потеклото на нумеролошките суеверија

4Многумина ќе кажат дека 13 е несреќен број или дека 666 навестува зло.  Но, најголемиот дел од луѓето не знаат од каде водат потекло суеверијата врзани со броевите. Во продолжение, прочитајте за дел од нив.

Многумина ќе кажат дека 13 е несреќен број или дека 666 навестува зло.  Но, најголемиот дел од луѓето не знаат од каде водат потекло суеверијата врзани со броевите. Во продолжение, прочитајте за дел од нив.

44 – Бројот 4 има негативна конотација во кинеската култура. Причината за тоа е што зборот за 4 на кинески звучи многу слично на зборот за смрт. Како последица на тоа, дури и денес, голем дел од зградите немаат катови со ознака 4, 40-49 и сите броеви во кои влегува бројот 4, а со сигурност, во хотелите нема да сретнете соба на која е залепен бројот 4.

13
– Суеверието врзано со „несреќата што ја носи“ бројот 13 веројатно е најраспространето нумеролошко суеверие на светот. Постојат повеќе приказни за тоа како 13 ја добил „несреќната моќ“, меѓу кои предничат оние за исфрлањето на тринаесеттиот знак од зодијакот и бројот на присутни на тајната вечера. Како последица од ова суеверие, во многу држави во светот се избегнува бројот 13 за означување катови, соби или што и да е друго.

17
– Бројот 17 има негативна конотација во италијанската култура. Со римските бројки, 17 се пишува XVII. На латински, анаграмот од овој број е зборот VIXI, што значи „живеев“, а истиот многу често се среќава на надгробни споменици. Поради тоа, многу од хотелите во Италија немаат соба број 17 на ниту еден кат.

18
– Бројот 18 има позитивна конотација во еврејската култура. Зборот „каи“ што на хебрејски значи „живее“ се пишува со осмата и десеттата буква во азбуката. Кога ќе се соберат, се добива среќниот број. Поради тоа, паричните подароци на прославите најчесто се множат по 18!

666
– Во Библијата, бројот 666 се посочува како бројот на ѕверот. Оттаму, долго време тој стои како симбол за злото. Како последица на симболиката, еден провајдер на телекомуникациски услуги во Америка, го отфрли бројот како префикс за фиксната телефонија.

- Реклама -