Постојат само две работи за кои што треба да се грижите – дали сте здрави , или сте болни.
Ако сте здрави, тогаш нема за што да се грижите. Ако сте болни – има само две работи за кои што треба да се грижите – дали ќе се излечите или ќе умрете.
Ако се излечите, тогаш нема за што да се грижите. Ако умрете – има само две работи за кои што треба да се грижите – дали ќе одите во пеколот или во рајот.
Ако дојдете во рајот , тогаш нема за што да се грижите. Но, ако заминете во пеколот, ќе бидете толку зафатени да се поздравите со сите пријатели, што воопшто нема да имате време да се грижите.
Мисла на денот
Ирска мудрост