Постои ли еднаквост во сексот?

Девојките почнуваат да практикуваат секс подоцна од момчињата? Жените имаат помалку секс од мажите? Денес тоа се само застарени теории.

Во последните 50 години човештвото со неверојатна брзина совлада огромен број табуа и предрасуди поврзани со сексот.

Според истражувањата спроведени во Франција, за периодот од 1997-2010 година, сексуалните односи помеѓу мажите и жените станаа рамноправни. Така, на пр. возраста на стапување во сексуалниот живот веќе е еднаква и кај момчињата и кај девојчињата, 17-18 години.

По бројот на партнери во текот на целиот свој живот жената веќе драстично го достигнува мажот. Сексуалните апетити исто така се изедначуваат. Во 70-тите години на минатиот век, иницијатори на сексот во повеќето случаи биле мажите, додека денес и двајцата партнери учевствуваат во оваа одлука.

Се уште претставите за машката и женската сексуалност во умот ни се како порано, далеку од рамноправноста: повеќе од 60% од мажите и 75% од жените се убедени дека по природа мажот доживува поголема потреба од секс.

Притоа мажите, два пати почесто од жените, наведуваат во анкетите дека сметаат за нормално да започнат сексуална врска „без љубов” само за задоволување на физичката потреба.

Според експертите овие верувања ја одразуваат половата хиерархија во сексуалноста, а во неа мажите немаат можност да се спротивстават на природни импулси, а на жените се наметнува улогата на негувателки на љубовта и односите кои треба да ги обезбедат машките потреби.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Идејата за тоа дека сексуалното однесување е дефинирано од страна на природата и биолошките закони, се уште е широко распространета, иако бројни истражувања покажуваат дека сексуалните норми и однесувањето на човекот зависи од социумот и културната средина во која тој израснал.

Пред сè на сексуалното однесување влијае историскиот и политичкиот изглед на животот. Пример за тоа е создавањето на контрацепцијата што ја преврте претставата за женската сексуалност. Сексот престана да има само репродуктивна функција.
Друг показател  на стереотип, кој треба да биде разоткриени е оној дека мажите се научени да мислат дека телото на жената возбудува посилно од нејзината личност. Затоа „мажите сакаат со очите, а жените – со ушите.“ Мажот се возбудува сексуално од изгледот на женското тело и помалку од личноста жената, зашто од мал ја спознал таквата реакција. Жените пак реагираат помалку на визуелните стимулации и поцврсто на емоционалните, зашто така ги воспитуваат.

Слична асиметрија во сексуалното воспитување поддржува моќта на мажите содржана во митот за убавината: тие гледаат на женските тела, ги оценуваат и продолжуваат понатаму, а на нивните тела не се гледа, не ги оценуваат, не ги отфрлаат … но дури и ако некој е воспитан на еден начин, ништо не му пречи да се откаже од претходните лекции …

- Реклама -