Ханс Реидел сакал нешто што ќе се истакнува во понудата за слатки во Германија.
Во текот на 1920 година, 27 годишниот Ханс Риегел работел како слаткар во Бон и одлучил да ја напушти работата за да започне производство на слатки во својата кујна. Неговите први производи биле тврди безбојни слатки кои што им ги продавал на локалните трговци и низ уличните фестивали во градот. Тој имал само еден вработен, а тоа била неговата сопруга Гертруд која ги доставувала слатките со својот велосипед.
Реигел набрзо основал компанија на која што и го дал името Харибо. Името на компанијата е комбинација од првите две букви од неговото име и презиме и неговиот роден град. Неговите слатки добро се продавале, но тој сакал да направи нешто што ќе влијае врз силната понуда на слатки во Германија.
Риегел забележал дека гумените бомбони се многу популарни, но не бил задоволен како изгледале. Кога се присетил на мечките кои танцувале на еден детски фестивал на кој присуствувал, одлучил да направи гумени бомбони во форма на мечиња.
Неговите разиграни мечиња биле подолги и потенки за разлика од гумените мечиња што се продаваат денес, а за еден цент можеле да се добијат две гумени мечиња кои доаѓале само во златна боја. За да добие на квалитет Риегел користел желатин.
Децата пројавиле голем интерес за неговите гумени бомбони, а во 10 години Харибо вработиле 160 луѓе. До Втората светска војна компанијата имала повеќе од 400 вработени и произведувала тони слатки.
Златните мечиња заштитен знак на компанијата
Втората светска војна создала проблем за работата на Реидел, па Харибо во текот на војната имал само 30 вработени. По неговата смрт во 1945 година, неговите синови Ханс и Паул ја подигнале компанијата на нозе и во рок од пет години истата имала повеќе од илјада вработени.
1960 година Харибо започнал со меѓународно пробивање и производство на слатки какви што можеме да купиме денес, а во 1967 година тие дошле во многу бои.
1975 година Харибо златните мечиња станале заштитен знак на компанијата. Денес Харибо произведува 100 милиони гумени бомбони дневно и има мноштво компании ширум светот.