Неодоливи посни колачиња

Уживајте во најслатките мини-колачиња. Едноставно се приготвуваат, а можe да ја украсат секоја трпеза.

Коцки со смокви

1kocki od smokva

Потребни состојки:
Кори од смокви: 500 грама суви смокви, 150 грама шеќер во прав.
Фил: 250 грама шеќер, 100 грама мелени ореви, 150 грама мелени бисквити, 150 грама маргарин, 100 грама чоколада за готвење (бело или црно).

На машина за мелење месо сомелете ги смоквите. Измешајте ги со шеќерот во прав. Тестото поделете го на пола и направете две кори со дебелина од половина сантиметар. Шеќерот ставете го во 50 милилитри вода, гответе една до две минути, па додадете ги бисквитите и оревите. Оставете неколку минути да се оладат и потоа додадете го маргаринот. Кората од смоква ставете ја на пластична фолија, посипете ја со филот и покријте со другата кора. Стопете ја чоколадата и прелијте ја одозгора. Оладената кора исечете ја на коцки.

Рум колач

2rumkolach

Потребни состојки:
400 грама неутрална павлака, 2 кесички желатин, 100 грама маргарин, 250 грама шеќер во прав, екстрат од рум, 200 грама кокос, 300 грама чоколада за готвење, 5 лажици масло.

Павлаката и маргаринот ставете ги да се готват и додадете го шеќерот во прав. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од рингла и додадете ги претходно стопениот желатин и рум и добро измешајте. На крајот додадете го кокосот и измешајте го со масата. Во една правоаголна тепсија обложена со фолија ставете ја смесата и оставете ја да се олади. Најдобро е така да остане во текот на ноќта. Кога ќе се стегне, превртете ја смесата на даска за сечење која треба да ја прекриете со хартија за печење. Исечете ги саканите форми и големини и прелејте ги со чоколадо. Декорирајте по желба.

Карамел штангли

3karamelshtangli

Потребни состојки:
3 чаши шеќер, 1/5 чаша вода, 250 грама маргарин, 150 сецкани ореви, 100 грама суво грозје, 350-400 грама измелени бисквити, малку вишни од компот.

Карамелизирајте го шеќерот да добие светло-кафена боја, додадете вода и гответе на тивок оган за шеќерот да се стопи, потоа додадете го маргаринот и почекајте да се стопи. Тргнете го од оган и додадете ги сецканите ореви, сувото грозје и мелените бисквити. Треба да добиете маса како зготвена палента. Додека е сѐ уште топла, ставете ја смесата на хартија за печење, исечете ја на коцки и оставете ја да се олади. Подоцна ставете глазура од чоколада и додадете сецкани вишни.

Бели мињони

4beli minjini

Потребни состојки:
350 грама шеќер, 1 децилитар вода, 120 грама маргарин, 200 грама мелени бисквити, 200 грама мелени ореви, 300 грама шеќер во прав.

Измешајте ги шеќерот и водата и додадете маргарин. Кога маргаринот ќе се стопи, додадете ги бисквитите и оревите, ставете ја смесата на чинија на која има хартија за печење. Дебелината на корите би требало да биде околу 1-1/5 сантиметар. Кога кората ќе се стврдне, прелијте ја со шеќерот во прав и малку вода, а по желба може да додадете и екстракт или некоја боја. Оставете добро да се излади и исечете на коцки.

Tопчиња со сусам

5susam kugli

Потребни состојки:
125 грама маргарин, 4 лажици мед, 4 лажици шеќер, 100 грама чоколада за готвење, 100 грама мелени бисквити, 100 грама мелени ореви, 200 грама сусам.
Сусамот кратко пропржете го во суво тавче. Во друг сад, соединете ги медот, маргаринот, чоколадата и шеќерта, а потоа загрејте ги на умерена температура сѐ додека не добиете хомогена смеса. Потоа садот тргнете го од оган, па додајте го пржениот сусам, мелените бисквити и ореви и убаво помешајте ги. Од приготвената смеса направете топчиња.

- Реклама -