Посна пита со цимет и ореви

Подгответе посна пита со цимет и ореви – вистински празник за стомакот, особено за оние што постат.

Состојки: 500г кори, 400г ореви, 100г презла, 5 лажици шеќер, 1 ќесичка цимет, кора од еден портокал

Подготовка: Смелете ги оревите, а потоа истолчете ги. Додете ја изренданата кора од портокал, циметот, шеќерот и презлата и убаво измешајте. Три кори поставете на масата,  по цела ширина ставете тенок слој од филот со ореви. Свиткајте, ставете во плех и печете 30 минути на 150 степени.

- Реклама -