Последното видео на Стив Ирвин, познат под името Ловецот на крокодили, неодамна се појави на Јутуб, а е направено нешто пред да почине од убот на ражта.
Видеото само по себе, не е ништо посебно, но го прикажува популарниот Австралијанец, недалеку од местото на кое што загина на 4. септември 2006 година.
Видеото го снимил британскиот турист Стефан Хил, кој случајно се нашол на истото место. Хил вели дека поради ова видео има ноќни кошмари, а верува дека на истото се наоѓаат последните забележани моменти од животот.
Имено, сите видеа од самата несреќа во која што загина Ирвин се уништени, па оваа снимка од тој ден е единствената.
„ Кратко разговарав со него и му кажам декас му се восхитувам на неговата работа, вели Хил.
„ Поминаа 8 години од несреќата и конечно имам доволно емоционална дистанца од снимката. Имав кошмари бидејќи постојано размислував колку сум бил близу до несреќата, која можела да ми се случи и мене“, додава тој.
Повеќе за деталите од смррта на Ирвин, можете да прочитате на следните два линка: