Последното италијанско табу

Во Италија, земјата каде што храната е дел од културата, царува едно големо табу. Ако вечерате во ресторан, не помислувајте да побарате да ви ги спакуваат остатоците од храната и да ги однесете дома.

Келнерот може и да преживее ако наместо традиционалното “вино или вода” нарачате кока-кола, но барањето да ги спакува остатоците од паста за дома може и да го доведе до очај. Не само што ненамерно сте погазиле вековна традиција, туку со тоа сте го навредиле ресторанот. Ако сепак персоналот одлучи да проба да го исполни вашето непристојно барање, на крајот може и да се покаже дека нема во што да ја спакува пастата.

Повеќето италијански ресторани едноставно не држат залихи на картонски кутии, бидејќи локалните клиенти не мислат да соберат остатоци за дома.

italija-tabu

Традициите сепак веќе не се тоа што беа. Дури и во Италија

Сега национална кампања за чување на храната се обидува да го промени менталитетот и да стави крај на трошењето. Според статистиката на крајот на работното време, на пример, италијанските ресторани исфрлат цела една третина од храната, купена за денот – факт, со кој еко активистите не можат да се помират.

Од големите концерни, Metro Cash & Carry прв почувствува дека новиот тренд е на пат да се пробие и одлучи да се обложи на него. За време на светската изложба EXPO 2015 која ќе трае до крајот на октомври во Милано, Metro претстави кампањата Schiscetta Reverse. Идејата беше поддржана од Светската програма за исхраната на ОН и во пропагирањето се вклучија двајца од најпознатите кулинари во Италија.

Називот на кампањата Schiscetta Reverse си поигрува со локалниот милански дијалект, во кој schiscetta некогаш се нарекуваше носење на ручек на работа (сега сепак под терминот се подразбираат и пластичните, и платнени, и картонски кутии со слична намена). Вториот збор reverse (назад) треба да му се спротивстави на разбирањето дека храната во Италија само се носи од, а не кон дома.

Се разбира, кампањата далеку не е алтруистичка, бидејќи како дел од неа Metro сега им нуди на стотици илјадници ресторани на Апенините да купат од хипермаркетите картонски кутии.

caeasrspasta1

Дебатата за потреба од промена на прехранбените традиции се води веќе неколку години во Италија

Всушност една несакана случка со учество на Мишел Обама во 2009 година го фокусира вниманието на медиумите и јавноста на темата. За време на средбата на тогашното G8 во Рим американската прва дама вечерала со ќерките во популарниот ресторан Maccheroni до Пјаца Навона.

За шок и ужас на персоналот на крајот госпоѓа Обама посакала да земе паста за подоцна во хотелот. Во САД клиентите се навикнати да си земаат се што е останато по чиниите, дотолку многу што праксата шеговитото го стекна меѓународниот назив doggie bag или храна за кучето дома.

Случајната повреда на честа на рестораните во Рим, речиси го сведе барањето на Мишел на дипломатски скандал.

Италијанските медиуми беа преплавени од статии, коментари и негодување околу американската “некултура”.

Адвокатите за промена и конзервација сепак видоа шанса да ја просветлат јавноста. Италијанската организација на агропроизводителите Coldiretti излезе со обраќање за “потребата да се избориме со епидемијата во развиените земји денес – повеќето од 30% од храната која што ја купуваме, се фрла, без дури и да се искористи”.

Како резултат од 2010 година наваму различни невладини организации се обидуваат да ја поттикнуваат практиката да не се фрлаат остатоците. Дури пред кампањата на Metro, ред помали италијански компании почнаа да нудат хартиени кутии за дома со различни дизајни.

И покрај сето ова отпорот останува голем. Една од причините се крие во особеноста на самата италијанска храна. Како и со француската кујна, поради висококвалитетните производи и прецизната обработка многу од јадењата бараат да се јадат во моментот. Верувате ли, на пример, дека piovra arrostita con fiori di zucca ed emulsione al basilico (запечен октопод со тиква и сос од босилек) ќе задржи префинет вкус, откако ќе отстои една ноќ во фрижидер?

kjesa-italija

Другиот голем проблем се претставите кои постојат со векови

Иако дебатата околу потреба од конзервација продолжува веќе неколку години, најновите истражувања на јавното мислење не даваат којзнае какви надежи за брзи промени. Според резултатите од анкетата, направена пред неколку месеци пак по нарачка на Coldiretti, еден од секои четворица Италијанци гледаат на doggie bag како манифестација на сиромаштија, лошо воспитување и дури вулгарност. 28% дури се подготвени да се прејадат, само за да ја избегнат потребата да го побараат она што не можат да го изедат, за дома.

Поводот за оптимизам сепак доаѓа од 25% од испитаниците, кои признале дека барем еднаш посакале подоцна да ги дојадат.

Па ако не сакате келнерите да ве гледаат лошо за време на одморот во Италија, следете го принципот да го изедете она што го нарачувате. Менијата со antipasto (мезе), prima piatta (паста или рижото) seconda piatta (главно јадење) и dolce (десерт) се за навистина многу гладни луѓе. Или оние кои планираат да поминат околу масата барем три часа, за да зборуваат, одмараат и патем пак да огладнат. Бидејќи не планираат да си ги земаат остатоците за дома, Италијанците обично внимаваат што и колку точно ќе порачаат.

italian-seafood-pasta-dish

Барем на еден фронт традицијата сигурно се гуши

„Ова лето во Фиренца, кога моја пријателка Американка замоли да го спакуваат остатокот од нејзините pappardelle al sugo di cinghiale (паста со сос од дива свиња), келнерот превртувајќи ги очите и рече дека немаат картони.

Од друга страна пак, за остатокот половина второ шише вино немаше никаква драма. Келнерот дури ни донесе посебен плик од рециклирана хартија за неа. Италијанците, овие мајстори на елеганција, нема да не остават да се шетаме по улиците на Фиренца вулгарно само со шише, туку со пластична кеса во раката.“

- Реклама -