Hyundai планира да ја лансира следната генерација на седанот Sonata во 2015 година, но не пропушти малку да ја освежи сегашната изведба на моделот. Дотерувањето е симболично, со малку промени во дизајнот и многу повеќе под лимаријата.
Реновираниот Hyundai Sonata е опремен со модернизирана маска на ладилникот, преработен заден браник, LED диоди на задните светла и фелни со сосема нов дизајн. Во ентериерот е подобрена звучна изолација и уште во основната опрема е додадена систем за контрола на притисокот на гумите. Освен тоа, во Hyundai имаат дополнувања на нивоата на опрема, кои се ќе нудат на различни пазари. Моделот веќе располага со систем за контрола на „мртов агол“, нов мултимедијален систем со 8-инчен дисплеј и камера за возење наназад. Воедно се нуди и можност за детали од карбон во ентериерот.
Во моментов Hyundai Sonata се нуди на пазарот во САД со два четирицилиндерски бензински мотори, 2.4- литарски атмосферски, кој генерира 190 КЅ, како и 2,0 турбо со 274 КЅ. И двата се во спрега со 6-брзински автоматски менувач, кои остануваат и по дотерувањето. Кај новата генерација сепак моторите ќе бидат променети. Засега е сигурно дека 2,4 литарскиот атмосферски агрегат ќе отстапи своето место на 1.6 – литарскиот турбоагрегат со моќност од околу 200 КЅ, кој се става во хечбекот Veloster Turbo, а изненадувањето е дизелската понуда.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус